Најдобриот светски играч Кристијано Роналдо ќе може да го преводи нападот на Реал Мадрид на натпреварот против Еибар бидејќи укината му е суспензијата од еден натпревар поради петтиот жолт картон оваа сезона кој го заработи на натпреварот против Рајо Валјекано.
Реал Мадрид упати жалба на одлуката бидејќи сметаше дека неправилно му е доделен жолт картон на Роналдо. Таа е усвоена бидејќи судијата направил превид кога му додели картон на Роналдо поради симулирање.
Ова значи дека Роналдо ќе може да настапи за тимот на Карло Анчелоти против Еибар, но Португалецот се соочува со опасност следниот жолт картон да значи автоматска суспензија од еден натпревар, со оглед на фактот дека тој сезонава веќе доби четири жолти картони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


