| четврток, 6 декември 2018 |

Загреб не заборава, Лазаров со овации пречекан во „Арена“, Барселона со победа си замина дома

Капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров речиси ја заврши работата со својот клуб Барселона во четврфиналниот двомеч со ППД Загреб во рамките од Лигата на шампионите. Барселона успеа да слави тешка победа во загребачката „Арена“ во првиот натпревар на гостински терен со 25-23.

kire lazarov

На реваншот „каталонците“ ќе имаат далеку полесна задача на свој терен во „Блауграна“ да обезбедат пласман на фајнлфор турнирот во Келн оваа сезона.

Лазаров во својата кариера беше играч на Загреб пет години и затоа беше пречекан со оваации од 15-илјадната публика во „Арена“ при неговото преставување. Тој си замина од Загреб со пет погодоци од кои четири од линијата од седум метри.

arena

Предноста која ја обезбеди Барселона од четири гола уште во првото полувреме беше доволна за тирумф на жешкиот терен.
Сепак избраниците на Веселин Вујовиќ во самиот финиш можеа да дојдат до сензационално израмнување, но ударот на Валчиќ го одбрани голманот за Барселона, Даниел Шариќ кој му овозможи на Томас во последниот напад за Барса да постигне гол и да и донесе на својата екипа победа.

GER Thüringer HC - NOR Larvik

Кај Барселона, покрај Лазаров со пет гола, одличен беше и Карабатиќ со шест погодоци, а пет постигна и Томас. На голот на Каталонците Шариќ имаше 13 одбрани. Во составот на ППД Загреб извонреден беше Степанчиќ со осум постигнати гола.

zagreb

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top