| четврток, 6 декември 2018 |

Нема крај за проблемите на Ибрахимовиќ во Франција, доби суспензија од четири натпревари

Шведскиот ас во редовите на ПСЖ Златан Ибрахимовиќ, доби четири натпревари суспензија од дисциплинската комисија на фудбалската федерација на Франција поради скандалозното однесување по натпреварот со Бордо во кој неговиот тим загуби со 3-2.
Тој тогаш изјави дека Франција не го заслужува ПСЖ и дека во неговата кариера немал полошо судење, карактеристично за Ибра.

Ова негово однесување му донесе нови проблеми, па тој нема да може да настапува за ПСЖ на наредните четири првенствени средби. Сепак, ќе може да биде во составот в сабота, во финалето на Лига-купот на Франција против Бастија.

Со еден меч суспензија казнет е Андре Ајев, фудбалерот на Олимпик Марсеј, кој заработи црвен картон по завршување на дербито со ПСЖ, поради реакции кон судиите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top