| четврток, 6 декември 2018 |

За празничниот викенд во Скопје ќе има времен сообраќаен режим

 

режим

Поради претстојните велигденски празници,  во Скопје, од 18:00 часот в  сабота до 6:00 часот  наредниот ден, ќе има забрана за сообраќај на дел од бул. „Партизански Одреди“, од крстосницата со ул. „Френклин Рузвелт“ до крстосницата со ул. „Даме Груев“, како и на дел од бул. „Св. Климент Охридски“ од крстосницата со ул. „Орце Николов“ до крстосницата со ул. „Димитрие Чуповски“.

Од Град Скопје информираат дека автобусите коишто го опслужуваат јавниот градски сообраќај и се движат во насока запад (кон Карпош), ќе бидат пренасочени. Ќе се движат по ул.„Димитрие Чуповски“, бул.  „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул. „Френклин Рузвелт“.

Автобусите кои се движат преку бул. „Гоце Делчев“, во насока запад (кон Карпош), ќе бидат пренасочени и ќе се движат по бул.  „Илинден“ и ул. „Френклин Рузвелт“.

Автобусите на јавниот градски сообраќај, што се движат по бул. „Партизански Одреди“ во насока исток, ќе бидат пренасочени и ќе се движат по ул. „Френклин Рузвелт“, булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улиците„Димитрие Чуповски“ и „11 Октомври“;

Автобусите на јавниот градски сообраќај, што се движат од Карпош во насоката исток, преку булевар „Гоце Делчев“ ќе бидат пренасочени и ќе се движат по ул.„Френклин Рузвелт“  и булевар „Илинден“, вклучувајќи се на постојните траси на автобуските линии и при тоа користејќи ги постојните автобуски стојалишта.

Од Град Скопје апелираат учесниците во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top