Градоначалникот Арсенчо Алексовски изрази задоволство што токму за време на неговиот мандат е изградена оваа спортска сала.
– Сите градоначалници досега, веќе 22 години, ветуваа дека ќе изградат спортска сала во Крива Паланка, но вистината е дека спортската сала е изградена токму во моментот кога јас сум градоначалник и тоа е моја гордост – рече градоначалникот Алексовски.
На свеченото отворање на спортската сала присуствуваа и пратеникот од Собранието на Р. Македонија, Веле Ѓорѓиевски, претседателот Борче Стојчевски на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Крива Паланка, поранешниот пратеник Оливер Алексовски, кандидатите за советници, раководители, директори, општинската и државната администрација, како и голем број гаѓани и членови на спортските клубови и тренери од општина Крива Паланка, при што сите го изразија своето задоволство од изградбата на овој спортски објект.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Полупразен Антички театар на отворањето на „Охридско лето“ (видео)
-
Вечерва свечено се отвора „Охридско лето“ со извонреден концерт на оперските ѕвезди Мошуц и Братеску во придружба на Македонската филхармонија
-
Најпознатите оперски арии во изведба на Мошук, Братеску и Молдовеану за спектакуларно отворање на „Охридско лето“
-
Крива Паланка: Се тепале во кафуле, побегнале од полициска станица и на крај прегазиле полицаец