Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изрази загриженост поради војните што се водат во муслиманските земји и предупреди на „заканата од разбивање на исламскиот свет“, пренесуваат турските медиуми.
– Во моментов исламскиот свет се расцепува – рече Ердоган пред новинарите во авионот на враќање од Иран.
Тој инсистира исламските меѓународни организации, почнувајќи од Организацијата за исламска соработка, под итно да се активираат за запирање на војните во муслиманските земји.
– Може да имате различна вероисповед, но ако ја наметнувате врз друг, ја уништувате муслиманската заедница. Исламот треба да биде доминантен – рече Ердоган.
За време на посетата на Иран, Ердоган и претседателот Хасан Рохани ги усогласија ставовите околу војната во Јемен, изјавувајќи дека таа треба да прекине во најкус можен рок и дека треба да запре пролевањето крв. Тие, исто така, разговарале и за заедничките напори преку кои ќе се обезбедат мирот и стабилноста во оваа земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.