| четврток, 6 декември 2018 |

Битола ја има најстарата библиотека во земјава

До 1953 го­ди­на биб­ли­о­те­ка­та има­ла са­мо два служ­бе­ни­ка и еден прис­луж­ник. Во по­че­то­ци­те лу­ѓе­то до­бро­вол­но ра­бо­те­ле во неа. Иа­ко ме­ѓу нив има­ло и бан­кар­ски служ­бе­ни­ци, ка­ко и служ­бе­ни­ци од фа­бри­ка­та за ко­жа, тие ра­бо­те­ле во биб­ли­о­те­ка­та ка­ко бла­гај­ни­ци или по­мош­ни кни­жа­ри

Во ср­це­то на Би­то­ла, во ста­ро­то град­ско ја­дро, е сме­сте­на на­ци­о­нал­на­та уста­но­ва Уни­вер­зи­тет­ска биб­ли­о­те­ка „Св. Кли­мент Охрид­ски” – Би­то­ла, ко­ја го­ди­на­ва од­бе­ле­жи 70 го­ди­ни по­сто­е­ње. Тоа бе­ше по­вод да ја по­се­ти­ме

Би­то­ла и да се за­поз­на­е­ме со ин­сти­ту­ци­ја­та ко­ја низ го­ди­ни­те бе­ле­жи раст што до­стиг­на ни­во рам­но на биб­ли­о­те­ки­те од Евро­па и од све­тот.

– Освен биб­ли­о­теч­на­та деј­ност, зна­чај­на е и из­да­вач­ка­та деј­ност, а би­тол­ска­та биб­ли­о­те­ка има из­да­де­но по­ве­ќе кни­ги од си­те биб­ли­о­те­ки за­ед­но во зем­ја­ва, вклу­чу­вај­ќи ја и На­ци­о­нал­на­та биб­ли­о­те­ка во Скоп­је – ни ре­коа вра­бо­те­ни­те.

НУ­УБ „Св. Кли­мент Охрид­ски” до­стиг­на им­по­зант­на број­ка од 600.000 кни­ги.

– Де­нес има­ме со­вре­ме­на и мо­дер­на ин­сти­ту­ци­ја ко­ја оп­фа­ќа 3.000 ква­драт­ни ме­три по­вр­ши­на, од ко­ја ба­рем по­ло­ви­на е на­ме­не­та за чи­та­те­ли­те. Има­ме 7.000 чи­та­те­ли и днев­на по­се­та од 700-800 ли­ца – ве­ли ди­ре­кто­рот на НУ­УБ „Св. Кли­мент Охрид­ски“, На­у­ме Ѓор­ѓи­ев­ски.

rep135-biblioteka-bitola-2

Гра­до­на­чал­ни­кот на Би­то­ла, Вла­ди­мир Та­лев­ски, по­со­чу­ва де­ка овој го­лем ју­би­леј по­твр­ду­ва кол­ку Би­то­ла би­ла зна­чај­на во ми­на­то­то, од пр­ви­те чи­тал­ни­ци, па сѐ до де­не­шен ден.

– Зна­е­те де­ка Би­то­ла е уни­вер­зи­тет­ски град, сту­ден­ти, сред­но­школ­ци, ос­нов­ци и дру­ги по­во­зрас­ни чи­та­те­ли се­којд­нев­но ја по­се­ту­ва­ат биб­ли­о­те­ка­та – ве­ли Та­ле­ски.

Во ар­хи­ва­та на биб­ли­о­те­ка­та го на­о­ѓа­ме по­да­то­кот де­ка таа е ос­но­ва­на на 25.03.1945 го­ди­на со ре­ше­ние на Град­ски­от на­ро­ден од­бор, со име­то Град­ска на­род­на биб­ли­о­те­ка во Би­то­ла. Вра­бо­те­ни­те ни по­ма­га­ат со по­да­то­ци. Ве­лат поч­на­ла да ра­бо­ти со кни­жен фонд од 300 кни­ги, кои, глав­но, би­ле за­тек­на­ти кни­ги, и тоа по­ве­ќе­то на бу­гар­ски ја­зик, ка­ко и по­да­ре­ни кни­ги од ор­га­ни­за­ции, уста­но­ви и од при­ват­ни ли­ца.

rep135-biblioteka-bitola-3

Но, во те­кот на го­ди­ни­те биб­ли­о­те­ка­та че­сто би­ла пре­и­ме­ну­ва­на. Та­ка, до 1947 го­ди­на се име­ну­ва­ла ка­ко Град­ска на­род­на биб­ли­о­те­ка – Би­то­ла, од тој да­тум до 1952 го­ди­на се ви­ка Дом на кул­ту­ра­та – Би­то­ла, па Град­ска биб­ли­о­те­ка – Би­то­ла, по­тоа од 1960 го­ди­на Ма­тич­на биб­ли­о­те­ка – Би­то­ла и од 1980 го­ди­на Ма­тич­на и уни­вер­зи­тет­ска биб­ли­о­те­ка „Св. Кли­мент Охрид­ски“.

rep135-biblioteka-bitola-6 rep135-biblioteka-bitola-7

rep135-biblioteka-bitola-11

Прв упра­ви­тел на биб­ли­о­те­ка­та би­ла Пер­са Ви­лос. Тие што по­ве­ќе па­ме­тат, ве­лат де­ка са­мо­то фор­ми­ра­ње и раз­во­јот на биб­ли­о­те­ка­та се вр­за­ни за неј­зи­но­то име. Це­ли­от свој жи­вот ѝ го по­све­ти­ла на ин­сти­ту­ци­ја­та и отка­ко ѝ за­вр­шил ман­да­тот за управ­ник, ра­бо­те­ла ка­ко кни­жар. По неа со биб­ли­о­те­ка­та ра­ко­во­дел То­де Ѓо­ре­ски, а прв пре­тсе­да­тел на До­мот на кул­ту­ра­та (во пер­и­о­дот ко­га го но­се­ла тоа име) ка­ко во­лон­тер бил То­ме Ди­ми­тров­ски-Ќо­се­то, а вед­наш по не­го Ди­ми­тар Гр­да­нов.

– До 1953 го­ди­на биб­ли­о­те­ка­та има­ла са­мо два служ­бе­ни­ка и еден прис­луж­ник. Но, со те­кот на вре­ме­то се зго­ле­му­вал бро­јот на вра­бо­те­ни­те. Во ар­хи­ва­та се за­бе­ле­жа­ни ими­ња­та на вра­бо­те­ни­те: Але­ксан­дар Та­сев­ски, Љу­ба Бо­шко­ва, Жи­вко Бог­да­нов, Лил­ја­на Та­се­ва и По­ли­ксе­на Мар­ков­ска – ве­лат вра­бо­те­ни­те.

rep135-biblioteka-bitola-5

При­каз­на­та про­дол­жу­ва со по­да­то­ци­те за по­че­то­ци­те ко­га лу­ѓе­то до­бро­вол­но ра­бо­те­ле во неа. Иа­ко ме­ѓу нив има­ло и бан­кар­ски служ­бе­ни­ци, ка­ко и служ­бе­ни­ци од фа­бри­ка­та за ко­жа, тие ра­бо­те­ле во биб­ли­о­те­ка­та ка­ко бла­гај­ни­ци или по­мош­ни кни­жа­ри.

Гле­дај­ќи го раз­во­јот на оваа ин­сти­ту­ци­ја од де­не­шен ас­пект, мо­же да ка­же­ме де­ка пр­ви­от раз­во­ен пер­и­од на биб­ли­о­те­ка­та е вр­зан со са­ми­те по­че­то­ци, т.е. до 1974 го­ди­на, а вто­ри­от пер­и­од од 1974 го­ди­на на­ва­му.

rep135-biblioteka-bitola-9

rep135-biblioteka-bitola-10

Но­ва­та стра­ни­ца на прос­пе­ри­тет на биб­ли­о­те­ка­та се слу­чу­ва со ло­ци­ра­ње­то на НУ­УБ „Св Кли­мент Охрид­ски“ – Би­то­ла во де­неш­ни­те про­сто­рии. Таа го про­ме­ни сво­јот лик и за­че­ко­ри ра­мо до ра­мо со поз­на­ти­те европ­ски биб­ли­о­те­ки. Ста­на единс­тве­на биб­ли­о­те­ка во Ма­ке­до­ни­ја со му­зеј­ска по­ста­вка, ка­де што це­ло­куп­ни­от фонд е вне­сен во ба­за на по­да­то­ци. Во пос­лед­ни­те го­ди­ни из­да­де 40 нас­ло­ви на кни­ги, број кој ги над­ми­ну­ва из­да­ни­ја­та за­ед­но на си­те биб­ли­о­те­ки во Ма­ке­до­ни­ја.

– Биб­ли­о­те­ка­та про­ме­ни по­ве­ќе про­сто­рии. Бе­ше сме­сту­ва­на по овој ред: во про­сто­ри­и­те на по­ра­неш­ни­от хо­тел „Ту­рист”, нас­про­ти де­неш­ни­от Цен­тар за кул­ту­ра; во згра­да­та на ОУ „Кли­мент Охрид­ски”, де­неш­но ОУ „Го­це Дел­чев”; во про­сто­ри­и­те на по­ра­неш­ни­от ре­сто­ран „Ро­јал”, на ули­ца Мар­шал Ти­то бр. 80; во згра­да­та на по­ра­неш­ни­от Пи­о­нер­ски дом (до 1954); во згра­да­та на ул. Мар­шал Ти­то бр. 89 (1954 – 1974); од 1974 го­ди­на во згра­да­та на адап­ти­ра­но­то хи­рур­шко од­де­ле­ние на ста­ра­та би­тол­ска бол­ни­ца и од 1982 биб­ли­о­те­ка­та се про­ши­ру­ва во но­во­из­гра­де­ни­от со­вре­ме­но об­ли­ку­ван про­стор кој се на­о­ѓа на ул. Ле­ни­но­ва бр. 39 – ни ре­че ди­ре­кто­рот На­у­ме Ѓор­ѓи­ов­ски.

rep135-biblioteka-bitola-4

Оваа биб­ли­о­те­ка е ед­на од нај­ста­ри­те кул­тур­ни уста­но­ви во зем­ја­ва. Де­нес, биб­ли­о­те­ка­та се стре­ми да ста­не ви­стин­ска вир­ту­ел­на биб­ли­о­те­ка, да нав­ле­зе во сè по­ви­со­ки­от сте­пен на за­до­во­лу­ва­ње на на­уч­но­-­истра­жу­вач­ки­те и обра­зов­ни­те по­тре­би на крај­ни­от ко­рис­ник, без тој да се гри­жи од ка­де и ка­ко при­стиг­на­ла ба­ра­на­та ин­фор­ма­ци­ја, што е воз­мож­но са­мо со на­та­мо­шен раз­вој на со­вре­ме­но­то авто­ма­ти­зи­ра­но биб­ли­о­теч­но ра­бо­те­ње. Со­ста­ве­на е од два функ­ци­о­нал­но по­вр­за­ни об­је­кти, кои прет­ста­ву­ва­ат ед­на це­ли­на. Но­ви­от об­јект де­нес и ста­ри­от об­јект прет­ста­ву­ва­ат не­раз­дел­на це­ли­на. Во пре­срет на ју­би­ле­јот беа пу­ште­ни во упо­тре­ба и но­ви про­сто­рии.

– Но­ви­от про­стор, кој оп­фа­ќа око­лу 500 ква­драт­ни ме­три, е со­вре­мен и функ­ци­о­на­лен и ќе би­де на­ме­нет за ко­рис­ни­ци­те на ус­лу­ги­те на Биб­ли­о­те­ка­та и во­оп­што за гра­ѓа­ни­те на Би­то­ла и по­ши­ро­ко. Со оваа ин­ве­сти­ци­ја изд­во­е­на од бу­џе­тот на Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра за­вр­ши це­лос­на­та над­град­ба на биб­ли­о­те­ка­та, поч­ну­вај­ќи од за­фа­ти­те за ре­кон­струк­ци­ја на фа­са­да­та на ста­ри­от дел од биб­ли­о­те­ка­та, па сѐ до обез­бе­ду­ва­ње­то нов ко­ри­сен про­стор за чи­та­те­ли­те – сме­та ми­ни­стер­ка­та за кул­ту­ра, Ели­за­бе­та Кан­че­ска-Ми­лев­ска.

rep135-biblioteka-bitola-8

 

(Пишува: Невена Поповска
Текст објавен во 135. број на неделникот „Република“, 3.04.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top