Васил Тупурковски не е виновен за тајванските кредити. Скопскиот Основен суд ги ослободи од обвинение поранешниот директор на Агенцијата за обнова и развој, Тупурковски и неговиот заменик Јован Андонов-Реган. Во повторениот
судски процес не беа понудени ниту нови докази ниту, пак, имаше нови завршни зборови.
Директорот и неговиот заменик беа обвинети за злоупотреба на службената положба. Се товареа дека со одобрување средства од тајвански кредити ја оштетиле државата за 172. 304.092 денари.
Апелацискиот суд најпрвин ја укина пресудата на Основниот суд Скопје 1 со која Тупурковски беше осуден на три години затвор и надомест на штета, а неговиот заменик на две години затвор. Предметот беше вратен на повторно судење, обвинетите добија ослободителна пресуда, па Обвинителството поднесе жалба на оваа пресуда. Апелацискиот суд на второто одлучување повторно го врати случајот во Основниот суд Скопје 1, со образложение дека пресудата била нејасна и неразбирлива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.