| четврток, 6 декември 2018 |

Бруер ја продолжи серијата на Денвер

Кори Бруер е јунакот на Денвер нагетс, екипа што со многу среќа ја продолжи победничката серија и стигна до 14 успеси во низа. Победена е Филаделфија со 101-100, а Бруер беше расположен во финишот. Со 6 поени едноподруго, резервниот бек на Нагетс ги доведе домаќините до целта. Најпрво погоди тројка, за намалување на предноста на Филаделфија на 98-100, веднаш потоа Тарнер утна две слободни фрлања, а на 2,1 секунда до крајот Бруер го искористи киксот на гостите и со прецизно реализирани 3 слободни фрлања му донесе триумф на Денвер. Тој беше и најефикасен на мечот со 29 поени, од нив 5 тројки од 6 обиди. Најдолгата победничка серија моментно ја има Мајами со 23 триумфи, а никогаш претходно во НБА не се случило два тима истовремено да имаат над 13 успеси во низа.

Bruer 1

Бековската линија Еванс и Томас беше најзаслужна за победата на Сакраменто против Минесота. Тие беа единствените на натпреварот со 20 и повеќе поени, што беше доволно за успех. Еванс даде 21 поен, 19 од нив во второто полувреме, а Томас беше најефикасен со 24 поени. Кај гостите Никола Пековиќ беше одличен со 18 поени и 12 скока.

Втор пораз по ред забележи Чикаго, а подобар од нив беше Портланд со 99-89. Лилард и Олдриџ комбинираа 52 поени, што беше премногу за домаќините кои не најдоа противигра за расположениот тандем на Портланд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top