| четврток, 6 декември 2018 |

И Лепа Брена ќе ја полни арената „Филип Втори“

lepa brena

Откако лани тоа му успеа на Жељко Јоксимовиќ, овој јуни Лепа Брена ќе се обиде да ја наполни националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Балканската ѕвезда ќе одржи четиричасовен солистичкиот концерт на кој ќе гостуваат и многу нејзини соработници и пријатели.

Организаторитена концертот „Балкан медија“, најавуваат спектакуларна сцена, осветлување и озвучување какви што нејзината продукција и менаџмент обезбедија за концертите во белградска арена.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда 15 април, на стандардните продажни места: Розе – Веро 2, Југотон, Пола Југотон, локалните кафулиња и плоштади низ државата и продажната мрежа на Купикарти за се.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top