Иако ослабен, лидерот во источната конференција Атланта победи на гостувањето кај Бруклин и ги замрси конците за осмиот патник во плејофот.
Атланта ги поштеди Перо Антиќ и Табо Сефолоша, кои поради добропознатите причини по инцидентот претходната вечер во Њујокр, не беа во составот на дуелот против Бруклин во кој славеше лидерот на истокот со 114-111.
Ал Хорфорд беше лидер на својот тим со 24 поени, а Џеф Тиг имаше 15 поени и 12 асистенции.
Со овој пораз Бруклин си ја искомпликува ситуацијата за осмото место на табелата кое води во плејофот бидејќи сега има само една победа повеќе од Индијана и Мајами на табелата на четири меча до крајот на регуларниот дел од сезоната.
Индијана максимално го искористи поразот на Бруклин и славеше на гостувањето во Њујорк со 102-86. Џорџ Хил беше најефикасен кај победникот со 20 поени, шест скока и пет асистенции.
На западот Мемфис го декласираше тимот на Њу Орлеанс со 110-74. Поразот на Пеликанс ѝ оди во прилог на Оклахома, која сега има изедначен скор во борбата за осмото место.
Резултати:
Детроит – Бостон 103-113, Шарлот – Торонто 74-92, Орландо – Чикаго 105-103, Филаделфија – Вашингтон 90-119, Бруклин – Атланта 111-114, Њујорк – Индијана 86-102, Мемфис – Њу Орлеанс 110-74, Милвоки – Кливленд 99-104, Сан Антонио – Хјустон 110-98, Денвер – ЛА Лејкерс 119-101, Јута – Сакраменто 103-91, Далас – Феникс 107-104, Портланд – Минесота 116-91.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.