Во Молдавија поради сомнение за корупција се приведени високи службеници од системот на здравство, меѓу кои и раководители на повеќето медицински центри во земјата, јави ТАСС.
Претставникот на Националниот центар за борба против корупцијата Богдан Зумбрјану изјави дека истрага е покрената против 21 лице, а 16 од нив се во 72-часовен притвор.
– Против тие лица се поведени кривични постапки за корупција и пречекорување на службената должност – истакна тој и додаде дека станува збор за измами при организирање тендери за купување лекови и медицинска опрема.
Меѓу приведените се поранешниот министер за здравство Андреј Устај, шефот на Агенцијата за лекови Александар Коман, заменик-шефот на Дирекцијата на затворите Сергеј Цуркану и првиот човек на Агенцијата за јавни набавки Генадиј Гриб.
Зумбрјану изјави дека истрагата располага со документи што покажуваат дека со овие незаконски активности на државата ѝ е нанесена штета од околу десет милијарди долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.