| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Бошковска: Зна­чи­тел­но рас­те бро­јот на де­ца со ау­ти­зам и кај нас и во све­тот

На­уч­но не е по­твр­де­но де­ка вак­ци­ни­те го пре­диз­ви­ку­ва­ат ау­тиз­мот и за­се­га не­ма на­уч­на ос­но­ва за та­кво твр­де­ње. Ви­стин­ски­те при­чи­ни за по­ја­ва­та на ау­тиз­мот не се поз­на­ти, но се сме­та де­ка ау­тиз­мот има ге­нет­ска ос­но­ва и си­те истра­жу­ва­ња се­га се на­со­че­ни во тој пра­вец. Ау­тиз­мот прет­ста­ву­ва се­ри­оз­но не­вро­раз­вој­но на­ру­шу­ва­ње кое се ја­ву­ва во те­кот на пр­ви­те три го­ди­ни од жи­во­тот на де­те­то, не мо­же да се из­ле­ку­ва и по­ра­ди тоа се­ко­гаш е под­ло­жен на раз­ни шпе­ку­ла­ции, осо­бе­но за­тоа што не се знае ви­стин­ска­та при­чи­на за на­ру­шу­ва­ње­то, сме­та д-р Бо­шков­ска

Ни­ко­гаш не тре­ба да се пот­це­ну­ва­ат сом­не­ва­ња­та на ро­ди­те­ли­те ко­га са­ка­ат да им ука­жат на пе­ди­ја­три­те де­ка не­што не е во ред со нив­но­то де­те, ако им ука­жу­ва­ат де­ка де­те­то не збо­ру­ва, не се од­ѕи­ва на име­то, не го на­со­чу­ва пог­ле­дот кон лу­ѓе­то или об­је­кти­те, сме­та при­ма­ри­ус д-р Ме­ри Бо­шков­ска, пси­хи­ја­тар за де­ца во ПЗУ „Ре-ме­ди­ка“, со ко­ја раз­го­ва­рав­ме за ау­тиз­мот. Во 2007 го­ди­на ОН го прог­ла­си­ја вто­ри април за Свет­ски ден на ау­тиз­мот и цел­та е бу­де­ње на јав­на­та свест за по­сто­е­ње на ау­тиз­мот и не­го­во ра­но ди­јаг­но­сти­ци­ра­ње. Во Ма­ке­до­ни­ја не по­стои офи­ци­ја­лен ре­ги­стар на ли­ца со ау­ти­зам, а по­но­ви­те истра­жу­ва­ња по­ка­жу­ва­ат де­ка тој се ја­ву­ва по­че­сто од Да­у­но­ви­от син­дром, ра­кот кај де­ца­та или од глу­во­ста. По­че­сто се ја­ву­ва кај мом­чи­ња­та откол­ку кај де­вој­чи­ња­та, и тоа за че­ти­ри па­ти. Неј­зи­на­та пра­кти­ка по­ка­жу­ва де­ка во пос­лед­ни­те две-три го­ди­ни бро­јот на де­ца со ау­ти­зам е зна­чи­тел­но зго­ле­мен. 

Ау­тиз­мот е не­вро­раз­вој­но на­ру­шу­ва­ње со ге­нет­ска ос­но­ва. Ле­ка­ри­те ве­лат де­ка по­сто­ја­но рас­те бро­јот на де­ца со ау­ти­зам, со на­ру­шу­ва­ње од ау­ти­сти­чен спе­ктар. Зо­што рас­те бро­јот на де­ца со ау­ти­зам?

БОШ­КОВ­СКА: Ди­јаг­но­сти­ци­ра­ње­то на ау­тиз­мот е сло­жен про­цес кој е на­со­чен кон утвр­ду­ва­ње на сли­ка­та што е при­сут­на кај ис­пи­ту­ва­но­то де­те и да­ли таа ги за­до­во­лу­ва ди­јаг­но­стич­ки­те кри­те­ри­у­ми што се утвр­де­ни на ме­ѓу­на­род­но ни­во. На­ру­шу­ва­ња­та од ау­ти­сти­чен спе­ктар се те­шки раз­вој­ни оште­ту­ва­ња кои се од­ви­ва­ат во три об­ла­сти: во со­ци­јал­на­та ин­те­рак­ци­ја, ко­му­ни­ка­ци­ја­та и во го­во­рот, ка­ко и во од­не­су­ва­ње­то и ин­те­ре­си­те на де­те­то (тоа има кру­ти, ри­гид­ни пре­о­ку­па­ции). Мож­ни зна­ци на пре­ду­пре­ду­ва­ње мо­же да се ја­ват кај де­те­то уште на 12-ме­сеч­на во­зраст. Ако де­те­то не бр­бо­ри, ако не упо­тре­бу­ва збо­ро­ви со зна­че­ње, ако не по­ка­жу­ва ин­те­рес за дру­ги­те, ако изо­ста­ну­ва нас­ме­вка ко­га му се обра­ќа­те, ако не­до­сти­га­ат ге­сто­ви на по­ка­жу­ва­ње, ма­вта­ње во знак на поз­драв, ако изо­ста­ну­ва функ­ци­о­нал­на упо­тре­ба на збо­ро­ви уште на 18 ме­сец, отсус­тво на спон­та­ни ре­че­ни­ци од два збо­ра на 24 ме­се­ци. Кај де­ца­та со ау­ти­зам го­во­рот се раз­ви­ва за­ба­ве­но или мо­же во­оп­што да не се ја­ви (кај нај­те­шки­те фор­ми). Не­кои де­ца мо­же да из­го­во­рат по­е­ди­ни збо­ро­ви или да го по­вто­ру­ва­ат тоа што го слуш­на­ле-ехо­ла­ли­ја. Кај де­те­то не­ма ре­ци­проч­на со­ци­јал­на ин­те­рак­ци­ја со дру­ги­те лу­ѓе, и тоа прет­ста­ву­ва еден од најз­на­чај­ни­те симп­то­ми на ова на­ру­шу­ва­ње. Не­кои од овие де­ца спон­та­но им при­о­ѓа­ат на лу­ѓе­то, но нај­че­сто за да ос­тва­рат не­ко­ја сво­ја по­тре­ба, ко­ја мо­же да би­де по­вто­ру­вач­ка. Де­ца­та со ау­ти­зам те­шко ги раз­би­ра­ат емо­ци­и­те на дру­ги­те лу­ѓе, тие не ги наб­љу­ду­ва­ат ли­ко­ви­те на лу­ѓе­то, ка­ко да гле­да­ат во праз­но. Тој пог­лед не по­ка­жу­ва емо­ци­ја или ин­те­рак­ци­ја. Тие де­ца не ко­му­ни­ци­ра­ат не­вер­бал­но, не­ма­ат сим­бо­лич­на игра, не ими­ти­ра­ат, што, исто та­ка, прет­ста­ву­ва еден од глав­ни­те по­ка­за­те­ли за сом­не­ние де­ка де­те­то има ау­ти­зам. Нив­ни­от кон­такт со очи е кра­тко­тра­ен, ре­тко е на­со­чен и че­сто не е емо­ци­о­нал­но по­ткре­пен. Не­ма ге­сто­ви, ко­му­ни­ка­ци­ја, не по­стои спло­те­но вни­ма­ние. Ед­но­став­но, не­ма емо­тив­на бли­зи­на со ро­ди­те­ли­те. Тие де­ца мис­лат бав­но, од­нос­но бав­но учат ка­ко мис­лат дру­ги­те и ка­ко се чув­ству­ва­ат дру­ги­те. Има­ат сте­ре­о­тип­но и по­вто­ру­вач­ко од­не­су­ва­ње, кај нив не­ма има­ги­на­ци­ја и фан­та­зи­ја во игра­та. Во Ма­ке­до­ни­ја не­ма ре­ги­стар на де­ца со ау­ти­зам, и тоа тре­ба да се на­пра­ви. Искус­тво­то на пра­кти­ча­ри­те по­твр­ду­ва де­ка бро­јот на та­кви­те де­ца рас­те се­којд­нев­но.

Meri Boshkovska (2) (Custom)

Ка­ко тре­ба да се тре­ти­ра ау­тиз­мот и да­ли по­стои мож­ност за це­лос­но ле­ку­ва­ње?

БОШ­КОВ­СКА: Ау­тиз­мот нај­до­бро се ди­јаг­но­сти­ци­ра ме­ѓу 18. и 24. ме­сец, нај­доц­на до тре­та­та го­ди­на. По­сто­јат ра­ни ске­ни­ра­ња ме­ѓу 18. и 24. ме­сец кои мо­же да одре­дат да­ли по­стои ау­ти­зам кај де­те­то. По­стои еден пра­шал­ник со кој се сле­дат од­не­су­ва­ње­то и ко­му­ни­ка­ци­ја­та на де­ца­та, има пра­ша­ња за ро­ди­те­лот кои ги по­ста­ву­ва пе­ди­ја­та­рот, но за ра­но по­ста­ву­ва­ње на ди­јаг­но­за­та е мно­гу важ­но ма­тич­ни­те пе­ди­ја­три да ги во­о­чат пр­ви­те зна­ци и да ги пре­пра­тат кај про­фе­си­о­нал­ци што се за­ни­ма­ва­ат со овој проб­лем. Во Ма­ке­до­ни­ја тој број е мал. Тоа се не­кол­ку дет­ски пси­хи­ја­три, пе­ди­ја­три, де­фе­кто­ло­зи, пси­хо­ло­зи. Се­пак, обу­че­ни сме и ги ко­ри­сти­ме стан­дар­ди­те за ди­јаг­но­сти­ка што се ко­ри­стат во Евро­па и во све­тот. Ди­јаг­но­сти­ка­та ба­ра зна­е­ње и искус­тво од оваа об­ласт, поз­на­ва­ње на ме­ѓу­на­род­ни­те кри­те­ри­у­ми за ди­јаг­но­сти­ка, ко­ри­сте­ње ске­ни­ра­ња и ска­ли кои се ко­ри­стат во све­тот. Нај­важ­но е наб­љу­ду­ва­ње­то на де­те­то низ игра, при што се сле­дат не­кол­ку ра­бо­ти – го­вор, со­ра­бо­тка со око­ли­на­та, ка­ко де­те­то раз­би­ра, да­ли има вер­бал­ни сте­ре­о­ти­пи, да­ли ими­ти­ра, да­ли има сим­бо­лич­на игра, ка­ко се дви­жи во про­сто­рот, се ис­пи­ту­ва мо­то­ри­ка­та, ка­ква е ин­те­рак­ци­ја­та со мај­ка­та, гру­па­та, око­ли­на­та, врс­ни­ци­те. Мно­гу е важ­но ка­ко ги изра­зу­ва емо­ци­и­те. Пе­де­сет про­цен­ти од де­ца­та со ау­ти­зам има­ат при­друж­ни проб­ле­ми – тие мо­жат да би­дат хи­пе­ра­ктив­ни, но да има­ат проб­ле­ми со спи­е­ње­то, а тоа, пак, мо­же да би­де ис­цр­пу­вач­ка си­ту­а­ци­ја за це­ло­то се­мејс­тво. Мо­же да има­ат авто­а­гре­сив­но од­не­су­ва­ње – ако се лу­ти или им се ускра­те­ни не­кои нив­ни по­тре­би, се уди­ра­ат и се по­вре­ду­ва­ат. Тие де­ца мно­гу са­ка­ат цр­та­ни фил­мо­ви. Тие се оп­сед­на­ти од комп­ју­те­ри и со таб­ле­ти, па ро­ди­те­ли­те че­сто зна­ат да им ги да­дат со цел да би­дат мир­ни до­де­ка се на го­сти, во авто­мо­бил, на ле­кар. Не­кои од тие де­ца ко­га ќе про­го­во­рат, збо­ру­ва­ат анг­ли­ски. Ау­тиз­мот не се до­би­ва со прем­но­гу гле­да­ње цр­та­ни фил­мо­ви или игри на комп­ју­тер, но мо­ра­ме да наг­ла­си­ме де­ка кај не­кои де­ца мо­же да се за­бе­ле­жи псев­до­а­у­ти­стич­на сли­ка до­кол­ку мно­гу ча­со­ви ми­ну­ва­ат пред те­ле­ви­зор или комп­ју­тер, со што де­ца­та не раз­ли­ку­ва­ат што е ре­ал­ност, а што фан­та­зи­ја. Отка­ко ќе се по­ста­ви ди­јаг­но­за­та, мно­гу е важ­но да про­це­ни­ме кое е ни­во­то на раз­вој и да­ли де­те­то има за­стој во раз­во­јот. Со­оп­шту­ва­ње­то на ди­јаг­но­за­та прет­ста­ву­ва го­лем стрес за ро­ди­те­ли­те. Де­нес во све­тот не е поз­нат на­чи­нот за из­ле­ку­ва­ње на ау­тиз­мот, но мо­ра да се раз­вие мо­дел за да се жи­вее со тоа на­ру­шу­ва­ње. Ра­но­то ди­јаг­но­сти­ци­ра­ње зна­чи вклу­чу­ва­ње на де­те­то во ра­на ин­тер­вен­ци­ја. Глав­ни­от ак­цент во трет­ма­нот е да се по­до­бри со­ци­јал­на­та ко­му­ни­ка­ци­ја, да има ин­те­рак­ци­ја, да ими­ти­ра, да учи и да ги ре­ша­ва проб­ле­ми­те. Ако не­го­ви­от соз­на­ен раз­вој не доц­ни мно­гу, тој мо­же да би­де вклу­чен во обра­зов­ни­от си­стем.

Ка­ков ка­дар тре­ба да би­де вклу­чен во трет­ма­нот на ли­ца­та што има­ат ау­ти­зам?

БОШ­КОВ­СКА: Во ти­мот тре­ба да би­дат вклу­че­ни дет­ски пси­хи­ја­тар, не­вро­лог, пе­ди­ја­тар, пси­хо­лог, де­фе­кто­лог и ло­го­пед. Си­те овие струч­ни ли­ца тре­ба да има­ат поз­на­ва­ње и искус­тво од об­ла­ста на пер­ва­зив­ни­те раз­вој­ни на­ру­шу­ва­ња, ка­де што спа­ѓа и ау­тиз­мот.

Да­ли вак­ци­ни­ра­ње­то пре­диз­ви­ку­ва ау­ти­зам? По­сто­јат ли на­уч­ни до­ка­зи што ја по­твр­ду­ва­ат таа вр­ска?

БОШ­КОВ­СКА: По­сто­е­ше ед­на те­о­ри­ја де­ка во со­ста­вот на вак­ци­на­та има жи­ва и тоа пре­диз­ви­ку­ва на­ру­шу­ва­ње на иму­но­ло­шки­от си­стем кај де­те­то. На­уч­но, ап­со­лут­но, не е по­твр­де­но де­ка таа вак­ци­на пре­диз­ви­ку­ва ау­ти­зам и се сме­та за те­шка шпе­ку­ла­ци­ја. Ау­тиз­мот е се­ри­оз­но на­ру­шу­ва­ње кое не се ле­ку­ва и по­ра­ди тоа се­ко­гаш е под­ло­жен на раз­ни шпе­ку­ла­ции, осо­бе­но за­тоа што не се зна­ат при­чи­ни­те за на­ру­шу­ва­ње­то.

Мож­но ли е со кам­па­њи да се по­диг­не све­ста кај лу­ѓе­то за ли­ца­та со ау­ти­зам да не би­дат обе­ле­жа­ни и отфр­ле­ни од оп­штес­тво­то, од­нос­но да има­ме ре­ал­но ме­сто фи­ктив­но вклу­чу­ва­ње во обра­зо­ва­ни­е­то?

БОШ­КОВ­СКА: Јак­не­ње­то на све­ста од стра­на на за­ед­ни­ца­та на­ви­сти­на по­ма­га. Де­те­то со ау­ти­зам има пра­во на жи­вот и да би­де вклу­че­но во обра­зо­ва­ни­е­то и по­ши­ро­ко во оп­штес­тво­то. Пос­лед­ни­те го­ди­ни лу­ѓе­то ста­ну­ва­ат свес­ни за ова на­ру­шу­ва­ње. Ро­ди­те­ли­те ра­но ги во­о­чу­ва­ат про­ме­ни­те кај сво­и­те де­ца и по­ра­но до­а­ѓа­ат на прег­ле­ди, и тоа уште во по­че­то­кот, на 20-ме­сеч­на во­зраст, но тоа е та­ка во пос­лед­ни­те две-три го­ди­ни. Ро­ди­те­ли­те се преп­ла­ше­ни, чи­та­ат на ин­тер­нет, се ин­те­ре­си­ра­ат, по­не­ко­гаш се збу­не­ти од тоа мо­ре на ин­фор­ма­ции. За­тоа, мно­гу е  важ­но ра­но ди­јаг­но­сти­ци­ра­ње и ра­но поч­ну­ва­ње со трет­ман. Кај не­кои по­лес­ни фор­ми де­ца­та во по­доц­неж­на­та во­зраст до­стиг­ну­ва­ат по­прис­по­соб­ли­во функ­ци­о­ни­ра­ње. Спе­ци­фи­ки­те оста­ну­ва­ат, но дел од нив на­у­чу­ва­ат да ко­ри­стат то­а­лет, го­во­рот се раз­ви­ва, што мо­же да зна­чи ус­пеш­но вклу­чу­ва­ње во оп­штес­тво­то. Ако го­во­рот се ја­ви во пет­та­та, ше­ста­та го­ди­на, то­гаш де­те­то има по­до­бра прог­но­за за вклу­чу­ва­ње во оп­штес­тво­то. На де­ца­та со те­шки фор­ми на ау­ти­зам им се по­треб­ни днев­ни цен­три, ка­де што со нив ќе ра­бо­тат про­фе­си­о­нал­ци, ќе им се ос­мис­ли пре­сто­јот та­му за се­мејс­тво­то да им се по­све­ти и на, ус­лов­но ка­жа­но, здра­ви­те де­ца.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top