| четврток, 6 декември 2018 |

„Google Image Search“ е инспириран од Џенифер Лопез

1

„Гугл“ веќе 15 години ни овозможува да пребаруваме слики со „Google Image Search“. Неодамна компанијата откри  што ги инспирирало да ја создадат оваа алатка.

Нема да ви се верува, но за тоа е виновна Џенифер Лопез и нејзиниот зелен фустан со огромно деколте, со кој таа се појави на доделувањето на наградите „Греми“ во 2000 година.

dress2(2)

Ерик Шмит вели дека „Гугл“ бил преплавен со пребарувања на сликата на Лопез со тој фустан.

– До тогаш немавме видено такво нешто – вели Шмит. Но, ние немавме сигурен инструмент кој ќе им го покаже на луѓето само она што ги интересира. Така се роди идејата за пребарувач на слики.

– Зелениот фустан со огромно деколте на Џенифер Лопез предизвика вистинска бура од реакции на наградите „Греми“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top