| четврток, 6 декември 2018 |

Споменикот на загинатите бугарски туристи исшаран со кукасти крстови

spomenik bugarski turisti kukasti krstovi

фото: снимка на ТВ Алфа

Со кукасти крстови, симболи на нацизмот е осквернавен споменикот на загинатите бугарски туристи во трагедијата на бродот „Илинден“. На паметникот, освен свастики има текст со пораки чија содржина е непозната, јави ТВ Алфа.

Со кукасти крстови, симболи на нацизмот е осквернавен споменикот на загинатите бугарски туристи во трагедијата на бродот „Илинден“. На паметникот, освен свастики има текст со пораки чија содржина е непозната. Локалните власти и охриѓани се згрозени и остро го осудија инцидентот, барајќи од полицијата да ги пронајде сторителите на ова злодело.
„Полицијата направи увид и констатира дека минатата ноќ, со црн спреј непознато лице напишало недолични пораки на спомен плочата. Ќе сториме се за да го откриеме сторителот“, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Сквернавањето на споменикот се случува истиот ден кога бугарскиот претседател најави дека во Ватикан, на средбата со македонскиот шеф на државата договориле скорешна официјална посета, на која Иванов и Плевнелиев би се сретнале токму во Охрид.
Во трагедијата на Илинден животот го загубија петнаесет бугарски туристи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top