| четврток, 6 декември 2018 |

Вечер за пенали во Германија, рулетот им се насмевна на Баерн и на Арминија

Вечер за пенали во Германија, а рулетот од белата точка се заврте во корист на Арминија Билефелд и на Баерн, екипи што се пласираа во полуфиналето на националниот куп.

Третолигашот Арминија во Билефелд направи сензација и по ударите од 11 метри го елиминира Бундеслигашот Борусија Менхенгладбах. Во регуларниот дел мечот заврши нерешено, 1-1, потоа немаше голови во дополнителното време од 30 минути, па пеналите одлучуваа. Бурмејстер погоди во седмата серија, а Траоре промаши за Борусија за голема сензација и пласман на Арминија во полуфиналето.

Слично сценарио имаше и во Леверкузен на мечот меѓу Баер и Баерн. Единствена разлика беше што на „Бај арена“ немаше ниту еден гол по 120 минути игра, а во рулетот од белата точка играчите на Баерн ги погодија сите 5 удари. Кај домаќините Дрмиќ не успеа да го совлада Нојер, што значеше простување на Баер од амбициите да се освои германскиот куп.

baern minhen

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top