Фудбалерите на Борусија Дортмунд се првите финалисти на Купот на Германија откако синоќа во полуфиналето ја совладаа екипата на Волфсбург со 2-0.
Домаќините дилемите околу победникот ги решија во првите 45 минути со головите на Михтаријан во 13. и на Левандовски во 43. минута. Ова беше јубилеен стоти гол на Левандовски во дресот на Борусија, кој на крајот од сезоната ќе ги напушти и ќе му се приклучи на ривалот Баерн Минхен.
Дортмунд во финалето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Баерн Минхен и Кајзерслаутен, кој ќе се одигра вечерва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Жолтиот ѕид“ никогаш не изгледал потажно: Германците уште еднаш порачаа, понеделник не е ден за фудбал (фото)
-
Гундоган со детали од престојот во Дортмунд: На тренинг доаѓавме пијани
-
„Милионерите“ имаат нов десен бек: Џереми Тојлан нов фудбалер на Дортмунд
-
Борусија Дортмунд експресно најде замена за Дембеле