| четврток, 6 декември 2018 |

ИД ослободи над 200 заробеници

Групата „Исламска држава“ денеска ослободи над 200 луѓе, во најголем дел стари лица и деца, од религиозна група језиди, држени во заробеништво речиси осум месеци, соопшти командир од курдските милиции Пешмерга во северниот ирачки град Киркук.

Ослободувањето е извршено во Химера, југозападно од Киркук, јави БТА.

Генерал Хива Абдула изјави дека повеќето од ослободените 216 заробеници се во лоша здравствена состојба и имаат белези од насилство од неухранетост. Околу 40 од нив се деца, а останатите се стари лица.

Ослободените јазиди со автобуси и возила на брза помош се пренесени на лекување во Ербил, главниот град на автономниот Ирачки Курдистан.

Не е објавена причината за ослободувањето на затворениците, кои беа киднапирани од планината Синџар во близина на Северен Ирак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top