| четврток, 6 декември 2018 |

Математиката е посебно важен и потребен предмет, сметаат професорите

Универзитетските професори се едногласни дека математиката е важен и потребен предмет за успех во секоја професија.

profesorka-matematika

Професорката Лилјана Гавриловска, шеф на Институт за телекомуникации при ФЕИТ вели дека математиката има посебно значење за успешност и напредок во сите струки.

-Од аспект на техника, од аспект на сите технички професии, вклучувајќи ја електротехниката и телекомуникациите, математиката е  услов без кој воопшто неможат да се замисли да се биде успешен во овие професии. Можеби не е задолжителна за другите студии, но на било која гранка од техниката, без математиката не можете да имате јасен поглед на работите, јасно квантифицирање на аспектите, јасна визуелизација на тоа што се случува. Математиката помага да го замислите и изразите тоа што сакате да го претставите. Во ниту една конкретна инженерска дисциплина без математика не можете да бидете добар инженер, вели Гавриловска.

Професорката не ги одобрува протестите кои се против учење.

profesor-matematika2

Професорот  на Институтот за математика при ПМФ, Ѓорѓи Марковски, вели дека математичкиот апарат го користат во многу науки.

-Многу од Нобеловците кои имаат добиено награда за економија се математичари кои се насочиле кон економија. Не може да се замисли современа информатика без математика, современа електроиндустрија, секаде се користи апаратот математика или  барем математичко размислување, вели тој и додава дека на Земјоделски и Шумарски факултет е потребна математиката, додека на Ликовна уметност треба геометрија.

Марковски им порачува на идните студенти дека на кој смер и да се запишат ќе имаат потреба од математика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top