Шкендија доживеа нов неуспех во тетовско дерби, откако попладнево загуби од локалниот ривал Ренова. Со голот на Рамадани во 50. минута, популарните „гипсари“ ги освоија бодовите и се приближија на еден бод до Шкендија, екипа која ја задржа третата позиција со 40 бода.
Домаќините мечот го завршија со девет фудбалери, бидејќи во второто полувреме беа исклучени репрезентативецот Положани и Бериша.
Победата на Ренова ја доведе до интересна ситуација Шкендија, екипа што е третопласирана во македонската Прва Лига, но и последна во распоредот на тетовските клубови според ефектот во пролетниот дел од првенството. „Црвено-црните“ загубија и од Тетекс и од Ренова, со што останаа без бодови во двете тетовски дербија што ги одиграа пролетва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



