| четврток, 6 декември 2018 |

Тешки моменти за македонскиот ас во НБА, Антиќ со лисици на раце (фото)

Тешки моменти преживува првиот македонски кошаркар во НБА лигата, Перо Антиќ, по уште потешкиот инцидент пред њујоршки ноќен клуб, во кој беше прободен Крис Коупленд, играчот на Индијана пејсерс.

Антиќ со лисици на рацете се најде во една од њујоршките полициски станици, откако беше приведен поради попречување на истрагата и агресивно однесување.

Перо попладнево е пуштен на слобода, а неизвесно е дали ноќеска ќе игра за Атланта хоукс против Бруклин нетс. Со него во полиција заврши и неговиот соиграч Табо Сефолоша, поради слична постапка, а најлошо мина Коупленд и неговата сопруга. Тие завршија во болница со убодни рани од нож.

Упасен е и напаѓачот на Коупленд, во шокантниот инцидент пред еден од престижните њујоршки клубови „1 ОАК“. Антиќ и Сефолоша пристигнале на забавата само еден час откако со експедицијата на Атланта хоукс пристигнаа во Њујорк. И Коупленд бил таму, бидејќи со Индијана пејсерс требаше да игра против Њујорк никс.

Засега нема подетални информации која е причина за нападот во кој се повредени Коупленд и неговата сопруга, а потоа и уапсени Антиќ и Сефолоша, поради попречување на полициската истрага на местотот на инцидентот.

perooo

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top