| четврток, 6 декември 2018 |

Од Брисел бараат конструктивни разговори, а не техничка влада?

Се поочигледен станува ставот на Брисел дека решението за политичката криза во Македонија мора да се случи во институциите.

Потврда за тоа даде и известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл. Одговарајќи на новинарско прашање дали решението е во формирање техничка влада тој за словенечката национална телевизија вели дека се бараат само конструктивни разговори, односно двете страни да седнат и конструктивно да разговараат.

– Нашата цел е двете страни да седнат и да разговараат, да разговараат во некој европски контекст, пред се да ги гледаат интересите на Македонија и земјата да влезе во Европската Унија. Ние ги советуваме да не дозволат ситуацијата да ескалира, да го спуштат тонот на политичката дебата, да го спуштат тонот на говорот на омраза кој доминира, некако да се договорат како да им покажат на земјите членки или на Европската комисија дека Македонија е подготвена и заинтересирана да ги отвори преговорите со ЕУ,  вели  Вајгл.

Според него, неприроден начин е делувањето на СДСМ со објавување на бомби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top