| четврток, 6 декември 2018 |

Каракамишева: Опозицијата да почне да нуди програми и конкретни мерки кои ќе бидат во служба на граѓаните

Професорката Татјана Каракамишева – Јовановска смета дека партиите во Македонија мора да почнат да нудат програми и мерки кои ќе бидат во служба на граѓаните.

– Партиите во Република Македонија, посебно оние од опозицијата, ќе мораат да се преиспитаат во своето политичко делување, истакнува професорката Татјана Каракамишева- Јовановска за Радио Слободна Македонија.

Според неа, тие „ќе мораат да се вратат на нормалната политичка траса на дејствување и да почнат да нудат програми и конкретни мерки кои ќе им бидат во  служба на граѓаните“.

– Впрочем тоа е нивна уставна должност како регистрирани политички субјекти, но и морална и патриотска обврска преку која демонстрираат дека ги почитуваат своите граѓани и дека ја почитуваат својата земја – вели Каракамишева.

Во продолжение следува целата емисија „Поента“ на РСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top