| четврток, 6 декември 2018 |

Поради пукање стакло, принудно слета авион на „Туркиш ерлајнс“

туркиш

Авион на компанијата „Туркиш ерлајнс“ денес принудно слета на аеродромот во германскиот град Нирнберг поради тоа што пукнал прозорец во пилотската кабина.

Портпаролот на турската компанија соопшти дека авионот летал од Дизелдорф до Истанбул и дека слетал во 7. 58 часот во Нирнберг.

Патниците се евакуирани од авионот и префрлени на терминалот, каде што го очекуваат следниот лет.

Во моментов се прави техничка проверка на авионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top