| четврток, 6 декември 2018 |

Ципрас кај Путин: Ќе падне ли ембаргото?

cipras utinГрчкиот премиер Алексис Ципрас во Москва разговараше во рускиот претседател Владимир Путин. Пред средбата член на грчката делегација посочил дека Грција не бара финансиска помош, туку дека финансиската криза сака да ја реши во еврозоната.

Економскиот портал Блумберг наведува дека Путин посочил дека му е драго што го запознал Ципрас. Разговарале за економската соработка која до почетокот на санкциите била успешна и за начините како таа да се обнови. Една од главните теми била укинувањето на економските санкции на ЕУ кон Русија, а рускиот министер за земјоделство вчера посочи дека Русија би можела да размислува за тргање на забраната за увоз на храна од Грција, Унгарија и од Кипар, воведени како одговор на западните санкции заради украинската криза.

Грција и Русија имаат долга традиција на економски врски, а најголемат размена е забележана во 2013 година кога трговската размена надмина 10 милијарди долари.

Многумина во ЕУ средбата на Ципрас и Путин ја оценија како средба на двата најголеми „фактори на нарушување“ во Европа.

 

Tsipras, vjeruje se, želi svojim posjetom Moskvi pokazati europskim partnerima koji ga pritišću i tjeraju na mjere štednje da Grčka ima potencijalne partnere izvan EU.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top