Перо Антиќ е уапсен поради опструкција кон полицијата во Њујорк и поради закани кон органите за безбедност во тешкиот инцидент пред клубот „1ОАК“.
Експедицијата на Атланта хоукс веднаш по победата над Феникс на домашен терен заминала за Њујорк, каде што ноќеска треба да игра со Бруклин нетс, а проблем за Антиќ може да биде и самото доаѓање во ноќниот клуб. Од клубот изјавија дека чекаат повеќе детали за инцидентот, во кој играчот на Индијана пејсерс, Крис Коупленд, е прободен со нож, а потоа Антиќ и Сефолоша ја попречувале полицијата и се однесувале агресивно при увидот.
Ако се потврдат информациите за таквото однесување на Антиќ и на Сефолоша и ако тие ја прекршиле клупската дисциплина и без дозвола заминале во „1ОАК“, тогаш, според стручњаците на НБА, можно е тие да бидат ослободени и од обврските кон Атланта хоукс.
Засега од таборот на најдобрата екипа во Источната конференција во НБА-лигата се воздржани и објавија дека чекаат повеќе инфомрации за целиот случај.
Еве како изгледаше просторот пред ноќниот клуб во Њујорк по инцидентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.