Авион на германската авиокомпанија „Луфтханза“ беше принуден да се врати на меѓународниот аеродром во Франкфурт и принудно да слета поради проблеми со еден од вентилите на крилата, соопшти ТАСС.
Претставник на авиокомпанијата изјави дека нема повредени. Според него, авионот „А380“, со 366 патници, требало да стигне од Франкфурт до Мајами.
– По полетувањето, настанал проблем со еден од вентилите, кои се наоѓаат на крилата – рече тој. Потоа авионот бил вратен и успешно слетал во Франкфурт – изјави вработениот.
Според неговите зборови, на патниците ќе им биде предложен друг авион со кој ќе го продолжат своето патување.
Денеска и патнички авион на авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ вонредно слета во Нирнберг. Според аеродромските власти, никој не е повреден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.