| четврток, 6 декември 2018 |

Каква демократиjа практикува британскиот амбасадор?

Очиг­лед­но е де­ка по­ра­ки­те на ам­ба­са­до­рот до вла­ста и до опо­зи­ци­ја­та во Ма­ке­до­ни­ја не се ба­зи­ра­ат на искус­тво­то на не­го­ва­та зем­ја во пра­кти­ку­ва­ње­то на де­мо­кра­ти­ја­та во слу­ча­јот „Опе­ра­ци­ја ’Со­ци­ја­лист‘“, ту­ку беа изв­ле­че­ни од друг „учеб­ник по де­мо­кра­ти­ја“

Нас­про­ти го­ле­ми­от ин­те­рес за те­кот на на­ста­ни­те по­вр­за­ни со афе­ри­те „Пуч“ и „бом­би“, прет­став­ни­ци­те на дип­ло­мат­ски­от кор во Ма­ке­до­ни­ја при јав­ни­те на­ста­пи дејс­тву­ва­ат при­лич­но ре­зер­ви­ра­ни, ед­ног­лас­но ука­жу­вај­ќи де­ка е по­тре­бен ди­ја­лог за ре­ша­ва­ње на кри­за­та, но при­тоа из­бег­ну­вај­ќи да нав­ле­гу­ва­ат во де­та­ли за да се за­др­жат во рам­ки­те на ман­да­тот што го има­ат во др­жа­ва­та. Пр­ви­от што си доз­во­ли да оти­де еден че­кор по­да­ле­ку е ам­ба­са­до­рот на Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја во Ма­ке­до­ни­ја, Чарлс Га­рет, кој по­ра­ча де­ка „ба­ра­ње­то за но­ва вла­да на опо­зи­ци­ја­та тре­ба да би­де те­ма на раз­го­вор ме­ѓу вла­ста и опо­зи­ци­ја­та“. Во исто­то ин­терв­ју, дип­ло­ма­тот, са­кај­ќи да на­мет­не впе­ча­ток де­ка пре­ми­е­рот не се из­јас­нил до­вол­но за бом­би­те на За­ев, наг­ла­су­ва де­ка „до­бар по­че­ток (во ре­ша­ва­ње­то на кри­за­та) би бил ко­мен­тар од вла­да­та за со­др­жи­на­та на обе­ло­де­не­ти­те раз­го­во­ри“. Пре­ми­е­рот Гру­ев­ски до­се­га во не­кол­ку на­вра­ти из­ја­ви де­ка „дел од не­ле­гал­но сни­ме­ни­те раз­го­во­ри се ви­сти­ни­ти, дел се де­лум­но ви­сти­ни­ти, а дел се не­ви­сти­ни­ти. Екс­пер­ти­за­та во суд­ска­та по­стап­ка ќе тре­ба да до­ка­же што е ви­сти­на, а што е кон­струк­ци­ја од об­ја­ве­ни­те бом­би“. От­ту­ка оста­ну­ва не­јас­но ка­ков до­пол­ни­те­лен ко­мен­тар оче­ку­ва Га­рет во мо­мен­тот имај­ќи пред­вид де­ка слу­ча­и­те се во про­це­ду­ра во об­ви­ни­телс­тво­то. Од дру­га стра­на, за­чу­ду­ва не­го­во­то иг­но­ри­ра­ње на об­ви­ну­ва­ња­та на пре­ми­е­рот за вме­ша­ност на стран­ски­те служ­би во афе­ра­та „Пуч“, а ќе бе­ше до­бро да го чу­е­ме не­го­во­то мис­ле­ње за на­чи­нот на кој би тре­ба­ло да се тре­ти­ра овој слу­чај. Од кои при­чи­ни на­ста­пот на бри­тан­ски­от ам­ба­са­дор бе­ше та­ков ка­ков што бе­ше оче­ку­ва­ме да доз­на­е­ме во пер­и­о­дот што сле­ду­ва. Тоа што е очиг­лед­но де­ка по­ра­ки­те на ам­ба­са­до­рот до вла­ста и до опо­зи­ци­ја­та во Ма­ке­до­ни­ја не се ба­зи­ра­ат на искус­тво­то на не­го­ва­та зем­ја во пра­кти­ку­ва­ње­то на де­мо­кра­ти­ја­та во слу­ча­јот „Опе­ра­ци­ја ’Со­ци­ја­лист‘“, ту­ку беа изв­ле­че­ни од друг „учеб­ник по де­мо­кра­ти­ја“.

analiza135-1-3

Во сеп­тем­ври 2013 го­ди­на по­ра­неш­ни­от служ­бе­ник на аме­ри­кан­ска­та НСА Ед­вард Сно­у­ден, кој укра­де ил­јад­ни­ци до­вер­ли­ви по­да­то­ци од аме­ри­кан­ски­те тај­ни служ­би, об­ја­ви до­ку­мен­ти што фр­ли­ја се­ри­оз­ни сом­не­жи де­ка бри­тан­ска­та тај­на служ­ба (GCHQ) за­ед­но со аме­ри­кан­ска­та НСА из­вр­ши­ла ха­кер­ски упад во си­сте­мот на нај­го­ле­ми­от бел­ги­ски те­ле­ко­му­ни­ка­ци­ски опе­ра­тор „Бел­га­ком“ (кој де­лум­но е и др­жав­на ком­па­ни­ја). Спо­ред об­ја­ве­ни­те до­ку­мен­ти, про­е­ктот во­ден под име­то „Опе­ра­ци­ја ’Со­ци­ја­лист‘“ имал за цел „да овоз­мо­жи по­до­бра експ­ло­а­та­ци­ја на ’Бел­га­ком‘“ и да ги по­до­бри соз­на­ни­ја­та за ин­фра­стру­кту­ра­та на ком­па­ни­ја­та. Тре­ба да се знае де­ка ме­ѓу кли­ен­ти­те на оваа те­ле­ко­му­ни­ка­ци­ска ком­па­ни­ја се и нај­го­ле­ми­те ин­сти­ту­ции на ЕУ ка­ко Европ­ска­та ко­ми­си­ја, Европ­ски­от со­вет и Европ­ски­от пар­ла­мент.

Кол­ку вре­ме бри­тан­ски­те служ­би има­ле не­пре­чен при­стап до си­те по­да­то­ци во бел­ги­ски­от опе­ра­тор, вклу­чу­вај­ќи и те­ле­фон­ски раз­го­во­ри, не­ма точ­ни по­да­то­ци, но спо­ред гер­ман­ски „Шпи­гел“, кој се по­ви­ку­ва на дру­ги до­ку­мен­ти на Сно­у­ден, мож­но е шпи­о­ни­ра­ње­то да тра­е­ло од 2010 го­ди­на.

По из­би­ва­ње­то на оваа афе­ра не са­мо што бри­тан­ски­те ин­сти­ту­ции не по­ве­доа истра­га за утвр­ду­ва­ње на ви­сти­ни­то­ста на до­ку­мен­ти­те, ту­ку и ја оп­стру­и­раа ра­бо­та­та на ко­ми­си­ја­та на Европ­ски­от пар­ла­мент, ко­ја тре­ба­ше да ги про­ве­ри твр­де­ња­та. По по­ја­ву­ва­ње­то на скан­да­лот бри­тан­ска­та опо­зи­ци­ја­та не ја бло­ки­ра­ше ра­бо­та­та на пар­ла­мен­тот, не ги по­ба­ра скал­по­ви­те ни­ту на пре­ми­е­рот Ка­ме­рон, ни­ту на пр­ви­от чо­век на тај­на­та служ­ба, ни­ту на суд­ски­те вла­сти, кои не се по­тре­соа да го истра­жат слу­ча­јот. Бри­тан­ски­от евро­пар­ла­мен­та­рец, опо­зи­ци­ски­от ла­бу­рист Клод Мо­ра­ес, еден ме­сец по об­ја­ву­ва­ње­то на до­ку­мен­ти­те из­ја­ви де­ка Европ­ски­от пар­ла­мент има пра­во да по­ба­ра истра­га за об­ви­ну­ва­ња­та, но пр­ви­от чо­век на бри­тан­ска­та тај­на служ­ба од­би да со­ра­бо­ту­ва со ко­ми­си­ја­та на Европ­ски­от пар­ла­мент што го ис­пи­ту­ва­ше слу­ча­јот.

Од бри­тан­ска­та тај­на служ­ба ду­ри од­би­ја да ги ко­мен­ти­ра­ат до­ку­мен­ти­те и об­ви­ну­ва­ња­та ин­си­сти­рај­ќи на тоа де­ка неј­зи­ни­те ак­ции се „не­оп­ход­но ле­гал­ни и про­пор­ци­о­нал­ни“. Нас­про­ти тоа, „Бел­га­ком“ по­твр­ди дел од твр­де­ња­та на Сно­у­ден, кои се од­не­су­ваа на фа­ктот де­ка нив­ни­те си­сте­ми би­ле ин­фи­ци­ра­ни со ви­ру­сен соф­твер, но од ком­па­ни­ја­та со­оп­шти­ја де­ка не се поз­на­ти „на­трап­ни­кот и мо­ти­ви­те“. За слу­ча­јот истра­га по­ве­де бел­ги­ско­то об­ви­ни­телс­тво, а по од­нос на ова пра­ша­ње се ог­ла­си и бел­ги­ски­от пре­ми­ер Елио ди Ру­по, кој ре­че де­ка е „на­ру­шен ин­те­гри­те­тот на др­жав­ни ком­па­нии“. И та­му опо­зи­ци­ја­та ни­ту ба­ра­ше тех­нич­ка вла­да ни­ту не­кој по­мис­ли да ги ста­ви во за­лож­ниш­тво др­жав­ни­те ин­те­ре­си.

analiza135-1-2

Ви­стин­ска­та при­каз­на за прис­лу­шу­ва­ње­то на бри­тан­ска­та тај­на служ­ба бри­тан­ски­те ме­ди­у­ми ни­ко­гаш не ја истра­жи­ја. Слу­ча­јот не го сле­деа по­го­ле­ми­от дел од та­мош­ни­те ре­но­ми­ра­ни вес­ни­ци, освен ле­ви­чар­ски­те, бли­ски до опо­зи­ци­ја­та. Пре­ми­е­рот Деј­вид Ка­ме­рон, пак, во таа при­го­да ги об­ви­ни Сно­у­ден и ме­ди­у­ми­те што ги об­ја­ву­ва­ат не­го­ви­те до­ку­мен­ти де­ка го ри­зи­ку­ва жи­во­тот на мно­гу лу­ѓе.

Зо­што во тој слу­чај ме­ди­у­ми­те во Бри­та­ни­ја ре­ши­ја да не об­ја­ву­ва­ат ни­што за скан­да­лот? Ед­на­та при­чи­на е за­тоа што би­ле свес­ни де­ка со тоа ќе ги по­тко­па­ат др­жав­ни­те ин­сти­ту­ции, со што ќе им на­пра­ват огром­на ште­та на на­ци­о­нал­ни­те ин­те­ре­си, а вто­ра­та мож­на при­чи­на е за­тоа што по­ста­пи­ле по на­лог на бри­тан­ска­та вла­да, ко­ја им на­ре­ди­ла да се за­ме­тка слу­ча­јот.

Тоа што е поз­на­то е де­ка на при­каз­на­та ра­бо­теа за­сег­на­ти­те од шпи­о­ни­ра­ње­то на стран­ски­те служ­би, бел­ги­ски­те но­ви­на­ри, за­ед­но со ко­ле­ги­те од Хо­лан­ди­ја. Ед­на го­ди­на по­доц­на, во де­кем­ври ла­ни, бел­ги­ски „Де Стан­дард“ и хо­ланд­ски „НРЦ Хан­делсб­лад“ иско­ри­сту­вај­ќи но­ви до­ку­мен­ти на Сно­у­ден откри­ва­ат де­ка шпи­о­на­жа­та би­ла мно­гу по­а­гре­сив­на и под­ла­бо­ка од тоа што се мис­ле­ло прет­ход­но. Истра­га­та на но­ви­на­ри­те утвр­ди­ла де­ка бри­тан­ска­та служ­ба са­ка­ла да обез­бе­ди при­стап до „Бел­га­ком“ за да мо­же да прис­лу­шу­ва те­ле­фо­ни ко­ри­сте­ни од ли­ца што би­ле под неј­зин над­зор. Вто­ро­сте­пе­на­та цел би­ла со упа­дот во си­сте­мот на „Бел­га­ком“ да се обез­бе­ди при­стап до мо­бил­ни­те опе­ра­то­ри што се парт­не­ри на бел­ги­ска­та ком­па­ни­ја со што ќе овоз­мо­жат сле­де­ње на ко­му­ни­ка­ци­и­те ме­ѓу Евро­па и оста­то­кот од све­тот. Во таа при­го­да Сно­у­ден твр­де­ше де­ка на­па­дот на опе­ра­то­рот е „прв до­ку­мен­ти­ран при­мер за тоа ка­ко зем­ја-член­ка на ЕУ вр­ши ха­кер­ски на­пад на дру­га зем­ја-член­ка…“

Бри­тан­ски­от не­за­ви­сен кон­сул­тант за комп­ју­тер­ска без­бед­ност Гра­хам Клу­ли во вр­ска со овој скан­дал ре­че:
– Ако бри­тан­ска­та вла­да има ка­ква би­ло при­стој­ност, би тре­ба­ла да спро­ве­де це­лос­на истра­га за тоа што се слу­чи­ло ме­сто да се оби­ду­ва да го скрие ин­ци­ден­тот под те­пих.

По ед­на и пол го­ди­на од по­ја­ву­ва­ње­то на скан­да­лот со слу­ча­јот „Бел­га­ком“, сѐ уште не­ма ни­ка­ква истра­га на остро­вот. Ни­кој од опо­зи­ци­ја­та во Бри­та­ни­ја не ни по­мис­ли да ба­ра раз­го­во­ри за тех­нич­ка или за ка­ква би­ло дру­га вла­да, ко­ја не до­би­ла ман­дат од на­ро­дот. Во Лон­дон не­ма по­сред­ни­ци, ам­ба­са­до­ри или стран­ски наб­љу­ду­ва­чи, кои „оче­ку­ва­ат“ од Ка­ме­рон да ги ко­мен­ти­ра до­ку­мен­ти­те на Сно­у­ден или, пак, не дај Бо­же, да по­ба­ра­ат од не­го да по­не­се од­го­вор­ност. От­ту­ка лес­но мо­же да се зак­лу­чи де­ка лек­ци­и­те по де­мо­кра­ти­ја од бри­тан­ски­от ам­ба­са­дор во Ма­ке­до­ни­ја се со­се­ма по­и­на­кви од искус­тво­то на др­жа­ва­та што го ис­пра­ти­ла ту­ка во вр­ска со тре­ти­ра­ње­то на шпи­он­ски­те афе­ри и на шпи­о­ни­те.

 

(Пишува: Ненад Мирчевски
(Текст објавен во 135. број на неделникот „Република“, 03.04.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top