Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес оствари средба со амбасадорот на Велика Британија во Република Македонија, Чарлс Гарет.
На средбата се разговараше за стратешките приоритети на државата, актуелната политичка состојба и реформските процеси важни за Република Македонија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конструктивен фактор во градењето на политичкиот амбиент за реализација на реформските зафати кои треба да донесат подобрување на квалитетот на животниот стандард и таквата
конструктивност е базирана на принципиелни и разумни основи.
Мицкоски посочи дека за да се реализира тоа потребен е дијалог со владата, а самиот процес е двонасочна улица на исполнување на обврски и одговорности.
Тој истакна дека сериозен проблем преставува политичкиот прогон кој го врши власта и дека тоа е и пречка за придвижување на општествените процеси кои се во застој. Воедно беше посочено дека пратеничката група на партијата нема да учествува во работата на Собранието се додека не се создадат услови за нормално, демократско функционирање на оваа институција. Интеграциските процеси на државата бележат и реформски застој, а клучно за тоа е недостаток на волја и капацитет кај владата да ги реализира зацртаните планови, посочил Мицкоски, пренесуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мицкоски: Ах, Устав ли е, принцип ли е, Вице ли е?
-
Мицкоски: Заев се фалеше дека странските инвестиции ќе растат, НБРМ констатира минусно салдо и одлив на инвестиции
-
На претседателските избори ќе го поразиме СДСМ, порача Мицкоски од Гостивар
-
Мицкоски нема да му одговори на Мијалков, тоа се внатрепартиски работи