Тантаров вели дека мерките за зголемување на рокот на важност на регистрацијата на тракторите, легализација на мотокултиватори, едноносни приколки и полуприколки и други мобилни машини кои им се неопходни на земјоделците за извршување на нивните секојдневни работи, се од огромна корист во време кога земјоделците имаат големи трошоци за производство.
-Се што ветува премиерот го исполнува досега, тој стoи зад земјоделците и затоа земјоделците му веруваат дали станува збор за субвенциите или за некои други мерки кои досега се имаат превземено. Така да, и овие мерки кои што си спомена на последниот народен собир се за поздравување, посебно мерката за тракторите. Исто така за земјоделците е многу важна и мерката за 100 % обештетување на штетите од поплавите кои што ги претрпеа земјоделците, премиерот тоа го вети и го најави на народниот собир во Штип. Значи тој што ветува тоа исполнува. Овие мерки беа на наше барање.Моментално имаме и други проблеми. Состојбите со поплавените површини особено во битолскиот регион, каде што четири пати Црна Река се излева и сега последните дождови што паднаа во Пелагонија состојбите со извршувањето на пролетната сеидба се влошува од ден на ден, значи секоја капка што ќе падне веќе не оди во прилог на сеидбата. Ние сакаме по велигденските празници да разговараме со Владата, како да им се помогне на земјодеците кои поради невремето, полплавите нема да можат да ја извршат пролетната сеидба. Тука мора да бараме чаре- на оние кои се само земјоделци да му се помогне оти ќе се најдат во ептен тешка состојба. . Ова е прашање што се надееваме дека ќе имаме разбирање во Владата – вели за Лидер, Вељо Тантаров, претседател на Сојуз на земјоделци.
Освен зголемување на рокот на важност на регистрацијата на тракторите, легализација на мотокултиватори, едноносни приколки и полуприколки и други мобилни машини кои им се неопходни на земјоделците за извршување на нивните секојдневни работи, премиерот ја најави и меркаата за намалување на цената за изготвување геодетски елаборати за обележување на шуми што е услов за добивање на одобрение за сеча на дрва за греење.
-Ќе овозможиме, наместо секоја година тракторите да се регистрираат на секои 6 години, а нивната техничка исправност ќе се потврдува на секои две години. Истакна дека предлогот за легализација на мотокултиватори, едноносни приколки и полуприколки и други мобилни машини ќе може да го поднесат во рок од една година по донесувањето на законот со кој тоа ќе биде овозможено. По барање на граѓаните сопственици на приватни шуми, Катастарот во соработка со Комората на приватни геодетски фирми ја започна постапката за намалување на цената за изготвување на геодетски елаборати за обележување на шуми што е услов за добивање одобрение за сеча на дрва за греење. Сегашната цена која е 30 денари за 1 метар должен ќе биде намалена за 50 отсто за површини до 1 хектар додека за површините над 1 хектар и поголеми ќе се намали и до 70 отсто – рече Груевски.
Земјоделците – стратешки партнер
-Земјоделците се нашиот стратешки партнер кој секогаш ќе го има нашето полно внимание. За помош при купување на земјоделска механизација и за изградба на локална инфраструктура во селата инвестиравме 2 милиони евра. Во тетовско-гостиварскиот регион во изминатите години земјоделците добија над 30 милиони евра субвенции, односно по околу 5 милиони евра годишно – истакна Груевски.
Инаку, и годинава продолжува владината поддршка за развој на аграрот, модернизација на земјоделскиот сектор и руралниот развој. Вкупно 140 милиони евра изнесува финансиската поддршка која земјоделците ќе ја добијат за земјоделското производство во 2015 година. Според Програмата за директна финансиска поддршка во земјоделството за 2015 година се предвидени 102 милиони евра за рзвој на земјоделското производство, а од Програмата за рурален развој изнесува околу 33 милиони евра.
За што се предвидени најмногу пари?
Според податоците од Програмата за Финансиска поддршка на земјоделството 2015 година, најголем дел од субвенциите или 50,6 милиони евра се наменети за растителното производство, 34,1 милиони евра се предвидени за субвенционирање на сточарството. Од дополнителната поддршка за развој на земјоделството, над 326.000 евра изнесуваат субвенциите за премии и осигурување, помошта за заштита на земјоделско земјиште годинава ќе изнесува 32.000 евра. Помошта за одделни категории носители на земјоделски стопанства 2,45 милиони евра, додека директната финансиска поддршка за помош во сточарскиот сектор 163.00 евра. За материјални трошоци за спроведување на програмата се одвоени 245.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Блокиран патот Радовиш-Струмица, земјоделците протестираат
-
Димитриевски: СДС си поигра со маката на земјоделеците и им скрати цели 24 милиони евра
-
Предупредување до земјоделците: Невообичаено студен бран доаѓа во Македонија
-
Делев: Мерките кои ги презема Владата на „црната тројка“ Заев, Анѓушев и Тевдовски се антиреформски