| четврток, 6 декември 2018 |

Карасин: Опасно е инструктори на САД и на НАТО да ја обучуваат украинската армија

SWITZERLAND-GEORGIA-RUSSIA-CONFLICT

 Плановите на Украина за обука на нејзината Национална гарда да бидат ангажирани војници на САД и на НАТО претставуваат опасен процес, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Григориј Карасин.

– Знаеме дека стотици војници на САД и НАТО се подготвуваат да дојдат во Украина за да ја обучуваат Националната гарда. Се формираат кампови за обука не само во западниот дел на Украина, туку и во останатите делови. Тоа е опасен процес – истакна Карасин.

Тој додаде дека Русија ќе настојува да се гарантира напуштање на Украина од страна на сите странски и илегални вооружени сили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top