Премиерот Никола Груевски по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 април упати честитка до припадниците на ромската етничка заедница.
– Вреднувањето на различноста и културните посебности на секоја заедница која е дел од нашето мултикултурно општество е традиција на која сме посебно горди. На овој ден Македонија ја одбележува културната специфичност и традиции на ромската заедница која е една од најстарите на нашата територија. Со вашата единствена и препознатливa култура вие ја збогатувате разноликоста по која нашата држава е препознатлива – вели премиерот Груевски во честитката.
Силата на нашата земја, додава тој, потекнува токму од нашите различности. Начинот на кој го стимулираме развојот на етничкиот, религиозниот и јазичниот диверзитет, вели, е доказ за слободоумието и инклузивната култура која е белег на македонското општество.
– Во оваа насока и во иднина ќе продолжиме да работиме. Ќе го развиваме мултикултурализмот и активно ќе продолжиме да го поддржуваме соживотот, соработката и хармонијата на нашето општество. Таквиот принцип на братство и пријателство значи и дека проблемите и предизвиците со кои се соочува ромската заедница во Република Македонија не се само ваши, тие не засегаат сите нас. Отворањето нови работни места, подобрувањето на здравството, унапредувањето на образованието и целокупната изградба на земјата зависат само од нас и од подготвеноста да функционираме како целина, сложно и посветено – истакнува македонскиот премиер.
Иднината на Македонија, потенцира Груевски, е иднина на Ромите и наша заедничка иднина, која можеме да ја изградиме онака како што посакуваме само преку сплотеност и заедништво, како што тоа сме го правеле и во минатото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски



