| четврток, 6 декември 2018 |

Како Хилари Клинтон реагирала на неверството на својот сопруг?

klinton

Кога разбрала дека имал афера со својата секретарка Моника Левински, Хилари Клинтон го удрила својот сопруг Бил Клинтон со книга по глава, пишува новинарката Кејт Андерсон Браур во својата нова книга.

Овие наводи се изнесени во новата книга на Браур во која наводно е претставено минатото што зад кулисите се случувало во Белата куќа.

Членовите на кабинетот на Белата куќа на новинарката ѝ рекле дека во спалната соба на поранешниот претседателски пар на постелнината имало крвави дамки и дека се „прилично сигурни“ дека Хилари го гаѓала Бил со книга кога разбрала за неверството.

– Најмалку 20 книги имаше на ноќното орманче, а меѓу нив и Библијата – наведува Браур во белешките.

Аферата на Бил Клинтон и Моника Левенски излезе во јавноста во 1998 година. Ниту Бил, ниту Хилари тогаш јавно не проговорија за оваа афера.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top