| четврток, 6 декември 2018 |

Делегација на армијата на Словенија денеска во посета на Македонија

arm

Делегација на Вооружените сили на Република Словенија предводена од началникот на ГШ генерал мајор Андреј Остерман од денеска престојува во официјална посета на Армијата на Република Македонија.

Словенечката делегација утре ќе биде пречекана со високи воени почести од страна на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, а за време на престојотќе се сретне и со министерот за одбрана Зоран Јолевски.

На средбата се очекува да се разговара за унапредување на билатералната воена соработка, заедничката обука меѓу двете армии и искуствата на АРМ од учеството во мисиите предводени од НАТО и ЕУ.

Началникот на ВС на Словенија ќе има можност да го посети и Центарот за обука на пилоти каде ќе биде запознаен со капацитетите и можностите за обука.

Билатералната соработка меѓу македонската Армија и Вооружените сили на Словенија се одвива на повеќе полиња како што се образованието, обуката, вежбите, воената логистика и друго. Во периодот од 2009 до 2013 година на армискиот полигон „Криволак“ беше изведена билатералната воена вежба „Предизвик“ на која припадниците на двете армии демонстрираа висок степен на обученост и извежбаност во гаѓање на цели во воздушен простор со ракетниот систем ,,ИГЛА“. Изминатите години, офицери на АРМ се школуваа во високите воено-образовни институции во Словенија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top