Во селото Вурмли, кое се наоѓа на еден час возење од Виена, велигденските јајца се бојадисуваат на лента. Сопственикот на фабриката, Мартин Сахер го објаснува процесот на подготовка на вапсаните велигденски јајца.
-Јајцата прво се загреваат на пареа, па се варат на точно 88 степени. Потоа поминуваат низ контрола на квалитетот за да се провери дали се скршени, па одат под прскалките со боја – вели Сахер.
Машините се специјално направени за оваа фабрика, а нивните производи веќе стануваат традиција во австриските домови.
-Производтвото на велигденски јајца го почнуваме во јануари. Имаме три машини, а секоја вари и вапса по 10.000 јајца за еден час. До Велигден ќе имаме меѓу 8 и 10 милиони велигденски јајца – додава Сахер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.