Првпат во историјата на одржување на „Визер скопје Маратон“ годинава ќе се одржи саемска манифестација од 7 до 9 мај, во четвртата та хала на Скопски саем, еден ден пред „Визер скопски маратон“. Ваков вид саем традиционално се одржува во секоја светска метропола каде што се трча маратонот.
– Популаризација на спортот како начин на водење здрав живот, поголема свест кај луѓето за спортување: „Во здраво тело, здрав дух“, се дел од причините што овој саем е еден од најпосетените низ светските метрополи. Саемската манифестација „Визер скопски маратон елспо“ се одржува по повод маратонската трка „Визер скопски маратон“ со тенденција да стане традиција кај нас како саем што ќе биде центар за сите учесници, спонзори, светски спортисти и познати личности. На изложбено-продажните штандови ќе може да се види и купи спортска опрема по поволна цена, направи за вежбање, храна за спортисти, здрава храна, разни препарати за масажа како и спортски федерации кои ќе бидат дел од светот на овој саем кој е новитет кај нас – програма наменета за подобро запознавање на граѓаните, информирање и нивно вклучување во „Визер скопски маратон“, натпреварот на кој ќе учествуваат илјадници граѓани – велат од организцијата на маратонот.
Во периодот на одржување на саемската манифестација, сите пријавени маратонци од земјава и странство е потребно да дојдат во четвртата хала на Скопски саем за да ги подигнат стартните пакети за учество во маратонската трка. За време на нивната посета, а и за сите посетители организирани се активности и од забавен карактер кои дополнително ќе го зголемат интересот како: зумба, фитнес, пилатес активности, средби со познати светски спортисти, како и пригодна музичка програма и забава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



