Јужнокорејскиот активист Ли Мин Бок со балони испрати во Северна Кореја илјадници копии на холивудскиот филм „Интервју“ игнорирајќи ги заканите на Пјонгјанг.
Главниот град на С. Кореја филмот „Интервју“ го наречен „терористички напад“. Филмот е комедија на Сет Роген и во него се раскажува за фиктивениот план на ЦИА да го убијат лидерот на С. Кореја, Ким Јонг Ун.
Ли, кој пребегна од С. Кореја, изјави дека од јануари до сега четири пати со балон, преку граница ги префрлил копиите од филмот, како што и порано најавувал. Заедно со филмот, на балониите полни со хелиум биле закачени и памфлети против Пјонгјанг.
С. Кореја побара од владите на Јужна Кореја да ги запрат балоните.
Ли балоните ги пушта навечер, кога активнста покрај границата е сведена на минимум. „Си-Ен-Ен“ со камера минатата сабота го следело пуштањето балони, а официјален Сеул изјави дека тие се свесни за активности на Ли, но неговиот став е дека и понатаму ја признаваат слободата на поединецот јавно да го искажува своето мислење.
Филмот „Интервју“ ги расипа и така лошите односи меѓу САД и С. Кореја. ФБИ го обвинува Пјонгјанг дека стои зад хакерските напади на студиото „Сони“, кое е продувент на филмот. С. Кореја ги демантира овие наводи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура