| четврток, 6 декември 2018 |

Грција: Не сме барале пари од Русија

gyrciq-ne-sme-iskali-pari-ot-rusiq-296659

Грција не барала финансиска помош од Русија, пренесоа агенциите. Денес извор од Владата во Атина, на чело со Алексис Ципрас, за британската новинска агенција изјави дека Грција не ја молела Москва за средства.

– Ние сакаме да си ги решиме финансиските проблеми во рамките на еврозоната – изјавил соговорникот на „Ројтерс“.

Според службеникот, грчкиот премиер и рускиот претседател Владимир Путин во Москва ќе разговараат за економската соработка меѓу двете земји.

Во исто време, информаторот на медиумот наведува дека не станува збор за какво и да било несогласување со Европската унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top