Српската реге-ска група „Аманзаман“ ќе одржи промотивен концерт на 25 април во клубот „Блок 20“ во Скопје.
Иако групата е многу популарна меѓу македонската младина, ова е нивен прв настап во Македонија, па затоа и најавуваат целовечерен спектакл. Нивните гостувања на музичките фестивали се секогаш во знакот на позитивната енергија, музичката виртуозност и инспиративната атмосфера, по што се познати и во регионов и пошироко.
Локална поддршка се диџеј Чарли, бендот „Коноп“ со специјалниот гостин Амон Мра, Мемба Квин Мел, Жолти Ман и Мастрафизам Кру, кои се и организатори на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


