Велигденски базари во пресрет на големиот христијански празник Велигден денеска ќе се одржат во општините Гази Баба и Бутел.
Во спортската сала „Методија Андонов – Ченто“ во општина Гази Баба ќе се одржи манифестацијата „Најубаво велигденско јајце“ на која ќе учествуваат децата од основните училишта и градинките во оваа општина.
Во општината Бутел, пак, ќе се одржи хуманитарен велигденски базар на кој штитениците од Заводот за рехабилитација на деца и на младинци „Топанско поле“ ќе се претстават со своите ракотворби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.