| четврток, 6 декември 2018 |

Директорите во Швајцарија останаа без бонуси

швајцарија

Платите на директорите на најголемите швајцарски фирми лани биле значително намалени во однос на 2013 година, но и во споредба со износите што ги примале пред три години, објави швајцарскиот весник „24 часа“.

Најголема годишна плата од сите менаџери на швајцарските фирми лани имал извршниот директор на компанијата „Трансошен“, Стивен Њумен од 14,2 милиони швајцарски франци.

„Трансошен“ е американска компанија што се занимава со експлоатација на нафта и е со седиште во швајцарскиот град Цуг. На второ место на директори  со највисока плата во оваа алпска земја е првиот човек на „Новартис“, Јозеф Хименез, со плата од 12,6 милиони франци во 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top