Белата куќа, Стејт департментот и Капитол останаа денеска без електрична енергија како и голем дел од Вашингтон и приградските населби, поради експлозија на термоелектрана во соседната сојузна држава Мериленд.
Портпаролот на Министерството за внатрешна безбедност и вонредни ситуации Робин Џонсон изјави дека околу 8.000 корисници останале без електрична енергија.
Компанијата „Пепко“ соопшти дека во тек е истрага за причините за несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


