Поголемиот одрон на патот Скопје – Велес во близина на мостот кај манастирот Св. Јован Ветерски од денеска напладне се уште целосно го блокира сообраќајот за сите видови возила.
Со одронот се зафатени двете коловозни ленти. Во неговото расчистување се вклучени две машини и се прават максимални напори коловозот да се оспособи за нормално одвивање на сообраќајот, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Автомото-сојузот препорачува граѓаните што имаат потреба денеска да патуваат за Велес, тоа да го сторат преку Куманово, поради одронот.
– Ги советуваме возачите да го користат патот Куманово-Свети Николе-Велес. Не се препорачува да се користи ниту стариот пат до Велес – велат од АМСМ.
Покрај патот Скопје-Охрид, денеска низ Македонија се случија уште неколку одрони кои го отежнуваат сообраќајот. Поради одрон над тунелот кај Битола, затрупан е со земја регионалниот пат Прилеп-Охрид и возилата се пренасочуваат низ центарот на Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.