Центарот за помош на лица со ментален хендикеп „Порака” од Неготино доби донација од Сакраменто, Калифорнија.
Раководителката на центарот Гордана Трајковска информираше дека донацијата е од организацијата Families in Christ составена од различни семејства од Сакраменто.
– Благодарение на донацијата купивме озвучување и микрофони за нашата музичка работилница. Корисниците на „Порака” сега се во можност да слушаат музика на нивните прослави, изјави Трајковска.
Таа нагласи дека сите донации се добредојдени во центарот бидејќи на тој начин се подобрува животот на лицата со посебни потреби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
Кампањата „Подарено срце“ донесе медицинска опрема за поефикасно лекување на деца со респираторни проблеми
-
Институтот „Јунуз Емре“-Скопје ќе донира книги на отсекот по турски јазик на Филолошкиот факултет
-
Донација на дидактички помагала за децата од домот „11 Октомври“