Скопје ќе добие современ превоз, а патниците ќе се возат со нови електроснки билети, или така наречени „смарт-тикети“ и во приватните и во државните автобуси.
Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и директорот на Јавното сообраќајно претпријатие -Скопје Игор Јанушев, денеска извршија увид во инсталирањето на Системот за автоматска локација и електорнскиот систем за наплата во автобусите на ЈСП- Скопје, во автобазата на ЈСП во Автокоманда.
– Со воведувањето на Системот за автоматска локација на возилата и електронска наплата, за кој ЈСП распиша тендер и избра фирма за негова реализација, Градот Скопје и неговите граѓани ќе добијат побрз и поквалитетен градски превоз. Овој систем овозможува од контролен центар да се следат автобусите во реално време, дали се запазуваат пропишаните возни редови, како и можност на благовремени корекции и намалување на времето на чекање согласно со моменталните случувања во сообраќајот на градските улици, како и добивање реална слика за бројот на превезените патници по категории – рече градоначалникот Трајановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.