Германскиот министер за eкономија Зигмар Габриел го критикуваше денеска грчкото барање за исплата на 279 милијарди евра на име воени репарации за штетите предизвикани од нацистичка Германија во втората светска војна, јави дописникот на МИА од Берлин.
Според Габриел, неговата земја е подготвена да и помогне на Грција да се стабилизира и да остане во еврозоната, но веќе не е јасно како да продолжи помошта.
– Оваа земја е подготвена да помогне Грција да застане на здрави нозе – уште повеќе според моето цврсто убедување во рамките на еврозоната, не надвор од неа. Но како можеме да го направиме тоа мене не ми е многу јасно – изјави Габриел за време на разговори во министерството за економија.
Габриел покрај тоа што е министер за економија и енергија е вицепремиер во владата на канцеларката Меркел и претседател на социјал демократите (СДП), втората најмоќна германска партија. Долгот што Грција го бара од Германија е повисок од долгот што Атина го има кон целата ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Берлин: Прашањето за германски репарации кон Грција е правно и политички затворено
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!