Во Кинотеката на Македонија денеска ќе биде промовирана втора книга со рецензии за филмови од Тони Цифровски, под наслов „Кинеење 2 (следната генерација)“.
Изданието е збирка од 60ина рецензии за филмови прикажани на домашниот редовен или фестивалски кинорепертоар во период од 2011 година до втората половина на 2014 година.
Во рецензијата за оваа книга писателот Гоце Смилевски, меѓу другото, истакнува: „Филмските критики на Тони Цифровски, освен што ги остваруваат веќе посочените цели од сферата на естетското, но и од едукативното, можат да се согледаат и како историја на кино репертоарот во Македонија во периодот во кој се пишувани…
Книгата ја објави издавачката куќа „Маска“ од Скопје, со поддршка од Министерството за култура. Ќе ја промовираат Мими ЃоргоскаИлиевска, директор на Кинотеката на Македонија, и Тодор Кузманов, новинар и критичар во Македонското радио. терството за култура. Ќе ја промовираат Мими Ѓоргоска Илиевска, директор на Кинотеката на Македонија и Тодор Кузманов, новинар и критичар во Македонското радио.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.