| четврток, 6 декември 2018 |

Почна состанок за енергетска безбедност во Централна и Југоисточна Европа

тек

Министерскиот состанок посветен на прашањата за енергетска стабилност во Централна и Југоисточна Европа почна денеска во Будимпешта.

Министрите од пет земји, Македонија, Унгарија, Србија, Грција и Турција прво во унгарскиот Парламент ги поздрави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Како што јави Танјуг, српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека состанокот е можност за размена на мислења за тоа дали овие пет земји се подготвени за реализација на проектот „Турски тек“, нова траса за снабдување со гас во следниот период.

По стопирањето на проектот „Јужен тек“, Русија најави изградба на гасовод, кој под Црното Море би дошол до Турција, а потоа би се упатил кон грчко-турската граница, од каде би можел да продолжи преку Грција, Македонија и Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top