Во Кабул првпат се снима телевизиска серија, која има за цел да придонесе за промена на односот кон женската популација.
Главен лик на новата серија е Шерен (36), мајка на три деца која се обидува да побегне од присилно склучениот брак каде трпи злоставување и понижување.
Освен портретирање на една силна жена, серијата го напаѓа и авганистанското правосудство кои ги затвора очите над страшните женски судбини.
Пет години, од 1996 година до 2001 година, колку што талибанците беа на власт во Авганистан, телевизијата беше забранета.
Благодарение на Азиската фондација за развој и големиот број донатори, 58 отсто од авганистанското население денес има телевизиски приемници, а најмногу се гледаат индиските и турските серии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.