Васил Тупурковски го помина рекордот на Шпанецот Хуан Антонио Самаранч, поранешниот претседател на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), откако вчера беше реизбран по шести пат за прв човек на македонското олимписко движење. Популарниот Самаранч, инаку голем пријател на Македонија и на Македонскиот олимписки комитет (МОК), го предводеше светското олимписко движење во период од 1980 до 2001 година кога го замени сегашниот претседател на ИОК, д-р Жак Рог.
Тупурковски има реални шанси да влезе во историјата на светското олимписко движење како единствен претседател што толку долго се задржал на тронот. Тој на Собранието на МОК во четвртокот го доби шестиот мандат како претседател на МОК. Циле е претседател на МОК од 1992 година и веќе ја тера 21-та година како прв човек на највисокото спортско олимписко тело.
Со оглед дека ја доби довербата на делегатите и со акламација, како што е вообичаено, беше избран за претседател на МОК, тој уште четири години ќе го предводи македонското олимписко движење, што значи дека најмалку 25 години ќе остане на оваа функција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.